| четврток, 6 декември 2018 |

Манчестер Сити допрва се загрева, подготвен е да потроши 200 милиони евра за нови фудбалери

gvardiola

Манчестер јунајтед и Жозе Мурињо купуваат наголемо, но градскиот ривал Манчестер сити засега е некако таинствен. „Граѓаните“ ги доведоа Гундоган од Борусија Дортмунд и Нолито од Селта, но премалку е тоа за реновирање на тимот според вкусовите на Пеп Гвардиола. Затоа, допрва се очекува Манчестер сити да потроши околу 200 милиони евра за да ги доведе желбите на Гвардиола.

Прв на листата е Лерој Сане, младиот офанзивен играч за врска на Шалке, кој може да игра и на крилните позиции, е во финални преговори за трансфер на „Етихад“. Тој би чинел 50 милиони евра, а Гвардиола инсистира на купување и на Џон Стоунс, најдобриот млад дефанзивец во Премиер – лигата, кој е член на Евертон. За него „граѓаните“ се подготвени да платат и 70 милиони евра. Третата желба е Пјер – Емерик Обамејанг, напаѓачот на Борусија Дортмунд, за кого се подготвени 80 милиони евра. Според овие планови, Манчестер сити допрва ќе биде активен во овој летен преоден рок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top