| четврток, 6 декември 2018 |

Хамилтон славеше во Унгарија и изби на врвот во генералниот пласман

Актуелниот шампион и возач на Мерцедес во Формула 1 шампионатот, Луис Хамилтон ја освои и петтата победа во тековната сезона. Со новите 25 бодови актуелниот шампион ја анулира негативата од еден поен која ја имаше тимскиот колега и најголем конкурент за титулата Нико Розберг. Германецот ја започна трката од пол-позицијата, но ја загуби уште во првиот свиок. Розберг мораше да се задоволи со втората позиција, подиумот го дополни Даниел Рикиардо од Ред Бул.

„Сребрените стрели“ беа накратко раздвоени по првиот свиок од Рикиардо што му овозможи на Луси Хамилтон да го преземе водството. Веќе по третиот свиок Британецот започна да ја зголемува разликата во однос на конкурентите. Розберг успеа да ја задржи втората позиција, без некој посериозен напад или закана кон првата позиција.

Даниел Рикиардо го освои својот втор подиум по втората позиција во Монако. Првиот возач на Ред Бул не мораше многу да ризикува возејќи околу шест секунди побавно зад водечките. За разлика од него, Макс Верстапен возеше поагресивно водејќи битка со двата болида на Ферари. Фетел успеа да се задржи на четврото место оставајќи го тимскиот колега Раиконен зад себе, на шестата позиција.

Џенсон Батон трката ја започна од осмата позиција, но набрзо ја загуби. Педалата за сопирачките му правеше проблеми на поранешниот шампион, па мораше да замине во пит-стопот трипати. Потоа, поради недозволена радио комуникација заработи и казна за минување низ питот па доцнењето од ее круг зад водечките ги примора механичарите на Мекларен да го повлечат во гаражата.

Фелипе Маса уште еднаш разочара возејќи на опашката на колоната. Бразилецот трката ја заврши на 18. позиција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top