| четврток, 6 декември 2018 |

Ме закопа жива, не можев да дишам, го слушав само чукањето на моето срце (Видео)

Несудената невеста која нејзиниот свршеник бодибилдер ја закопал жива опишува како успеала да излезе од гробот. 34-годишната Стејси Гвилијам била нападната од 39-годишниот Кит Хјуз се скарале за време на романтична прошетка во заливот Касвел на полуостровот Гавер, Јужен Велс, само неколку дни откако ја запросил. Иако поради тоа Хјуз бил осуден на доживотен затвор, тој ќе има право да биде пуштен условно за само осум години, а Гвилијан вели дека веќе стравува од можноста тој да биде пуштен од затвор.

nintchdbpict000253585350-e1469100590365

Гвилијам опишува како кога се освестила по нападот во јули 2015, сфатила дека е заробена под куп земја и растенија. Таа можела да си го слушне чукањето на срцето, како и звукот на морето. „Сѐ беше како на забавена снимка. Сѐ што можев да видам беше замаглено зелено и кафеаво. Не можев да дишам. Не можев да се движам. Беше како да бев парализирана. Навистина беше ужасно. Да се обидеш да се прибереш и да разбереш што се случува околу тебе.

-Се обидов да станам, но не можев. Морав да ги употребам ноктите да излезам од таму кај што бев. Само тоа можев да сторам. Се обидов да ја истуркам земјата над мене, но ја немав таа сила, објаснува таа.

Кога најпосле успеала да се извлече, таа се онесвестла во близина на еден голф клуб, каде што била забележаа и однесена в болница и била ставена во вештачка кома во траење од дваесет и шест дена за да може да закрепне. Страдајќи од напади на паника, Гвилијам сѐ уште употребува стап за да може да оди. Зборувајќи за ослободувањето на Јјуз, таа вели: „Преплашена сум. Но, ќе бидам посилна бидејќи имам голема поддршка. Имам надеж за иднината и тоа е благодарение на поддршката од семејството и пријателите. Ако не беа тие, не знам што ќе правев сама, но тие се тука за мене.“

Untitled-4-1

Хјуз бил фатен кога ја удрил својата кола возејќи во пијана состојба. Кога бил уапсен, на полицајците им кажал: „Никогаш нема да ја најдете“, и се шокирал кога му кажале дека неговата свршеница е сѐ уште жива. Како мотив за обидот за убиство, тој навел дека таа крадела пари од него и дека се заканувала дека ќе го прати во затвор. „И двајцата викавме и се расправавме. Ја загубив контролата. Само сакав да ја замолчам, да не кажува работи за мене. И двајцата си кажувавме ужасни работи еден на друг. Таа ме удираше, просто полуде. Сакав да ја смирам“, вели тој.

Потоа ја зграпчил за вратот и како што ја давел, таа ја загубила свеста и паднала на тлото. Хјуз потоа наводно испаничил, ја скрил во грмушките и ставил гранки врз неа.

-Едноставно се чувствував ужасно поради тоа што го сторив. Мислев дека е мртва. Едноставно си заминав, вели Хјуз, признавајќи дека ги зел клучовите од нејзиниот автомобил, како и нејзината кредитна картичка.

Гвилијам вели дека не се сеќава многу на нападот, но се сеќава дека ѝ кажал: „Ако јас не можам да те имам, никој нема да те има.“

-Се будам ноќе во напади на паника, мислејќи дека паѓам во кома или дека се будам од неа. Никогаш, никогаш нема да заборавам што ми стори, вели таа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top