Водата од градскиот водовод во Тетово денеска можеше да се употребува само за хигиенски потреби, а сѐ уште не се знае кога тетовци ќе можат и да ја пијат водата, информираат надлежните органи.
Денеска водата од градскиот водовод во Тетово беше заматена како резултат на повеќе градежни активности на територијата на општината. Центарот за јавно здравје во Тетово сѐ до добивањето на резултатите за микробиолошката исправност на водата, препорачува водата пред пиење да се преварува 10 минути. Проценката е дека од понеделник водата ќе биде исправна за употреба.
Во близина на еден од изворите на вода на Попова Шапка се изведуваат градежни работи за нов ски-лифт. Месецов, водата во Тетово е по третпат заматена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.