| четврток, 6 декември 2018 |

Шок пред нападот во Минхен: Со пудла во рацете и сандали на нозете пристигна принцот на Тајланд (ФОТО)

принц

Принцот на Тајланд, Маха Ваџиралонгкорн, кој пристигна во Минхен со боинг 737, на аеродромот се појави со пудла во рацете, сандали на нозете и прекусарамбовка преку тетоважата.

Во Тајланд престолонаследникот не ја ужива почитта на жителите во кралството за разлика од кралот Бумибол Адулиадеј (Рама IX). Полуголиот принц половина година престојува во Германија, и тоа за да пазари и да се забавува. За милион евра ја купил вилата „Вила Столберг“ на езерото Старнберг.

Вака облечен во партали принцот не преставува кралска величина, а на аеродромот го испратиле 30 зачудени Тајлаѓани. На фотографиајта го поздравува посадата на Краслата тајландска авиокомпанија.

JS95445130

Тетоважите изработени од калуѓери се религиозни и магични, ги носат многу Тајлаѓани и се традиционални, а иако не се задолжителни, многумина се тетовираат зашто веруваат дека тие штитат од зли духови.
Според Форбс Бумибол вреди 35 милијарди евра и е најбогатиот крал на светот, Раскалашниот живот на неговиот син се финансира од државни пари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top