Наталитетот во Данска порасна благодарение на кампањата која ги повика Данците почесто да водат љубов
И додека Индија и Кина мораат да размислуваат како да го запрат преголемиот наталитет, Европа почнува да се претвора во стар континент на кој сѐ помалку се раѓаат деца. И тоа е огромен проблем.
Данска, пак, има најмала стапка на наталитет. И покрај големите права и привилегии кои ги имаат мајките во таа богата земја, секоја од нив раѓа само 1.7 деца, што е недоволно за одржување на бројот на жители над границата на издржливото.
Токму тој проблем решила една данска туристичка агенција да го претвори во многу успешна маркетиншка кампања која само на Јутјуб за неколку дена постигна неверојатен успех – ја виделе речиси милион луѓе.
Агенцијата’Spies Rejser’ преку одлична реклама ги наговорува мајките да ги праќаат своите возрасни ќерки со партнерите на „активен“ одмор, зашто истражувањата покажуваат дека луѓето на одмор почесто се впуштаат во сексуални односи.
Мотото на нивната кампања е „Направи го тоа за мајка ти“.
– Во Данска сѐ уште не се раѓаат доволно деца и покрај тоа што има мал напредок. Тоа нѐ загрижува. Но, во целата приказна најмногу страдаат мајките кои никогаш нема да го доживеат искуството да станат баби, вели нараторот во видеото.
– Ако не го направиш тоа за Данска, направи го за мајка ти, заклучува нараторот, и тоа не случајно.
Имено, оваа реклама е продолжение на првиот дел, кој има мото Направи го тоа за Данска (“Knald for Danmark”, што буквално значи „Е*ете се за Данска)“. Очекувано, под видеото на Јутјуб веднаш се јавиле шегобијци кои тврдат дека можат без проблем да го решат проблемот на Данска.
Девет месеци подоцна, извештаите навестуваат дека кампањите вродиле со плод и дека во Данска владее бејби бум. Родени се 1200 бебиња повеќе од минатото лето.
Со децении Данска е земја со најнизок наталитет во Европа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.