| четврток, 6 декември 2018 |

Во моментов нема знаци дека се работи за терористички напад на исламисти

imaslikaubojsto13

Портпаролот на минхенската полиција Маркус да Глорија Мартинс потврди вечерва дека во нападот на непознати лица врз граѓани во трговскиот центар „Олимпија“ убиени се шест лица. На прес-коференција тој рече дека може да потврди дека само шестмина се убиени, но дека не може да каже ништо за бројот на повредените освен дека се работи за голем број

Одговарајќи на новинарско прашање тој рекол дека во моемнтов нема знаци дека се работи за терористички напад на исламисти, но истрагата е во рана фаза. Исто така, не можел да ги потврди изјавите на сведоците дека напаѓачот извикнувал навреди кон странците. . Тој кусо рекол дека истрагата е во тек и дека полицијата трага за три лица.

-Изјавите на сведоците сега не сме во можност да ги проверуваме, но поаѓаме од тоа дека се рабоити за тројца напаѓачи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top