
Портпаролот на минхенската полиција Маркус да Глорија Мартинс потврди вечерва дека во нападот на непознати лица врз граѓани во трговскиот центар „Олимпија“ убиени се шест лица. На прес-коференција тој рече дека може да потврди дека само шестмина се убиени, но дека не може да каже ништо за бројот на повредените освен дека се работи за голем број
Одговарајќи на новинарско прашање тој рекол дека во моемнтов нема знаци дека се работи за терористички напад на исламисти, но истрагата е во рана фаза. Исто така, не можел да ги потврди изјавите на сведоците дека напаѓачот извикнувал навреди кон странците. . Тој кусо рекол дека истрагата е во тек и дека полицијата трага за три лица.
-Изјавите на сведоците сега не сме во можност да ги проверуваме, но поаѓаме од тоа дека се рабоити за тројца напаѓачи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Нападот во Амстердам е терористички чин: Сторителот и признал на полицијата
-
Напад со нож во Минхен: Една жена е убиена, а четворица се повредени
-
Крваво утро во Стокхолм: Експлозија во близина на метро станица, маж се бори за живот (видео)
-
Бомба во цевка одекнала на една од најпрометните автобуски станици во Њујорк: Уапсен еден осомничен, од јакната му виселе жици (фото – видео)


