Во шопинг центарот Олимпија во Минхен се слушале пукотници а полицијата се наоѓа на лице место, јавува БиБиСи. По тоа дошло до пукање на уште две локации во градот, пренесоа германските медиуми.
Локалните медиуми јавуваат дека наводно се случиле уште две пукотници на две локации во градот од кои едната на Стахус плоштадот а другата на Одеоплац.
Одеонплац е на околу седум километри од Олимпија. Гардијан наведува дека виновникот за таа пукотница е напаѓачот од трговскиот центар кој е и понатаму во бегство или постојат повеќе напаѓачи.
Од друга страна АФП повикувајќи се на полициски извори наведува дека едно лице загинало а девет други се повредени. Германскиот БР24 њуз ги пренесува изјавите на сведоците дека азилант отворил оган во кафуле кое се наоѓа во трговскиот центар
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.