Грчкото воено воздухопловство тврди дека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во ниту еден момент не го гонеле воени авиони за време на државниот удар, како што тој изјави во неколку интервјуа по пучот.
Ердоган во едено од интервјуата рече дека ја избегнал смртта за влакно, бидејќи го следеле воени ловци Ф-16 кои ги контролирале пучистите.
– Грчките радари цело време го следеа летот на авионот на Ердоган, се до слетувањето во Истанбул – пренесува „Скај“ од извори во грчкото воздухопловство.
Според нивните тврдења, Ердоган во ниту еден момент не бил животно загрозен, ниту пак некој го следел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.