| четврток, 6 декември 2018 |

Во Грција ќе гласаат и малолетници

Грчкото Собрание синоќа изгласа промени во Изборниот законик, кои опфаќаат намалување на возраста за гласање на 17 години и укинување на дополнителните 50 пратенички места за партијата победник на изборите во 300-члениот Парламент.

Како што пренесува БТА, пакетот закони е усвоен со гласовите на 179 пратеници, 83 гласаа против, а 19 беа воздржани.

За да влезе во сила укинувањето на 50-те дополнителни места за наредните избори, беше потребно двотретинско мнозинство од 200 гласови, кое не беше постигнато. Тоа значи дека ова правило ќе важи за парламентарните избори по нив.

За намалувањето на возраста за гласање беа потребни само 151 глас, односно 50 отсто плус еден глас.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top