| четврток, 6 декември 2018 |

Покажа со прст кон небото и предизвика дисквалификација на атлетски тим во САД (видео)

Дерик Хејс покажа со прстот кон небото,  а тоа го чинеше скапо и него и тимот на Колумбус во штафетата 4х100 метри. Тие се дисквалификувани, според правилникот за натпреварување во училишниот спорт во Тексас, иако победија на трката. Мал гест што го прават многу спортисти и на професионално ниво, но недозволен според правилникот на Лигата од Универзитетот за Интерсхоластика во Тексас. Во САД, особено во државата Тексас, каде се случи неочекуваната дисквалификација, се разви вистинска дебата за тоа дали одлуката е правилна. Дисквалификацијата им ја одзема можноста на момчињата да учествуваат на државниот шампионат. Се бара промена на правилата, со аргумент дека на Хејс му е нарушено правото на слободно изразување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top