Британскиот принц Џорџ го прославува третиот родеден, а по тој повод Бакингемската палата објави фотогафии на кои тој позира.
„Војводата и војвотката од Кембриџ се среќни да споделат четири нови фотографии од принцот Џорџ за неговиот трет роденден. Тие се направени од фотографот Мет Портеус, во нивниот дом во Норфолк во средината на јули,“ пишува во описот на фотографиите.
Тригодишниот принц има роденденска прослава со семејството во домот во Норфолк, каде се собрани семејството Мидлтон и нивни блиски пријатели.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.