Шпанскиот стратег Пеп Гвардиола ќе си замине од Минхен по завршувањето на сезоната, а неговата мисија ќе остане некомплетна, затоа што за три години како тренер на Баерн, не успеа да ја освои Лигата на шампионите. Синоќа Атлетико Мадрид му застана на патот да го одведе тимот во финалето во Милано.
– Разочаран сум. Си го дадов животот за Баерн овие три години, но финалето ни побегна. Ни недостигаше еден гол, се трудевме многу, горд сум на фудбалерите, но, за жал, сите напори не беа доволни. Атлетико Мадрид постигна погодок и одлично се бранеше. Дали заслужија да одат во финале? Не знам, но тоа не е ни важно. Тие се веќе во финалето во Милано – изјави Пеп Гвардиола по елиминацијата од шпанскиот тим.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.