| четврток, 6 декември 2018 |

Принцот Џорџ во цртан филм

Tриесетгодишнината од емитување на цртаниот филм „Пожарникарот Сем“ ќе биде одбележана со епизода во која ќе биде претставен ликот на синот на Кејт и Вилијам.

Откако принцот Вилијам раскажал како неговиот син ужива да го гледа цртаниот филм „Пожарникарот Сем“, продуцентите одлучиле јубилејот да го прослават така што ќе му посветат епизода на принцот Џорџ.

Малиот Џорџ во епизодата ќе биде прикажан како пристигнува со хеликоптер во државна посета на Понтипанди. Кога ќе дојде до опасност, ќе го спасуваат со хеликоптер.

Принцот Џорџ на почетокот на септември појде на училиште.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top