| четврток, 6 декември 2018 |

Анџелина Џоли – жената пајак

Биологот Џејсон Бонд на два од новооткриените 33 видови на пајаци им дал име според Боно од популарната музичка група U2 и според атрактивната актерка Анџелина Џоли. Инспирација за името на тарантулата  „Aptostichus bonoi“ ја добил бидејќи овој вид бил пронајден во Националниот парк Џошуа Три. Тоа го потсетило  Џејсон на албумот на бендот U2 од 1987 година „The Joshua Tree“.

И Анџелина Џоли си добила пајак – со латинско име Aptostichus „Angelinajolieae“, но биологот не открил што го инспирирало во случајот на познатата глумица.

bono-spider

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top