| четврток, 6 декември 2018 |

Релативно мирна ноќ во Скопје, пајакот подигнал 72 возила

Двајца се здобиле со полесни телесни повреди во вкупно седум сообраќајни несреќи што се случиле на подрачјето на Град Скопје. Во пет од сообраќајките е регистрирана само материјална штета.

Според полицискиот извештај на СВР Скопје, 32 возачи се движеле со поголема брзина од дозволената, 10 возачи биле исклучени од сообраќај, од кои четири поради управување под дејство на алкохол, шест без стекнато право на управување со моторно возило.

Од сообраќај полицијата исклучила три возила кои биле технички неисправни и седум возила зашто не биле регистрирани.

Непрописно паркирани биле 106 возила, а пајак службата подигнала 72 возило.

Полицијата санкционирала и 20 пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин, шест пешаци кои поминале коловоз на црвено светло, шест возачи кои поминале крстосница на црвено светло, еден возач кој не дал првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин и тројца за не користење на заштитен шлем од страна на возачите на вел со мотор, мопед и мотоцикл.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top