| четврток, 6 декември 2018 |

Познат е како Хиена: Има ХИВ, го плаќаат да има секс со девојчиња (Видео)

На југот на африканската Република Малави, во дистриктот Нсанје, живее 40-годишниот Ерик Анива, попознат како Хиена, кој врши морбиден ритуал на интимно „прочистување” на жени и девојки, најчесто во пубертет, а всушност станува збор за потенцијално масовно ширење на разни болести, вклучувајќи и ХИВ. Оваа, како што пренесува „Би-Би-Си“, ужасна традиција девојчињата да се „прочистат“ кога ќе влезат во пубертет е сочувана, за, според верувањата, да се поштедат од болести и фатални несреќи.

Истото важи и за жените што абортирале и за вдовиците, кои пред да го погребаат сопругот мора да имаат секс со овој човек.

Секое село има своја Хиена, а Анива вели дека за своите услуги наплаќа меѓу четири и седум долари секој пат, бидејќи ритуалот се повторува во зависност од потребата женската популација во тоа село да се сочува од некои несреќи или болести.

Според неговите зборови, неговите „пациентки“ се на возраст од 12 до 13 години, и некои, како што вели, на ритуалот му приоѓаат со одушевување, но има и такви на кои им е одвратно, но прифаќаат за доброто на семејството.

Селските старешини, пренесува „Би-Би-Си“, не го гледаат овој чин како силување, туку како облик на ритуално прочистување.

Ритуалот мора да се врши без заштита, а се смета дека „хиените” не можат да бидат заразени од ХИВ, бидејќи се одбрани. Меѓутоа, Анива признава дека е ХИВ позитивен, но дека тоа не им го кажува на своите жртви.

Инаку, тој од бракот со две жени има пет деца, кои велат дека ја мразат неговата работа, посебно затоа што не можат да бидат сигурни колку девојки забременил. Сепак, истакнуваат и дека само неговата работа може да донесе неопходни приходи за живот.

И покрај тој, Анива најавил дека повеќе нема да се занимава со оваа работа, и дека во иднина ќе се бори против овие ритуали.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top