| четврток, 6 декември 2018 |

Приказната на СДСМ за избирачкиот список требаше да биде алиби за одложување на изборите

izbiracki-spisok-1Според постигнатиот договор меѓу партиите веќе утре треба да се направат промени во Изборниот законик. Во гостувањето во Отвореното студио на ТВ Нова вицепремиерот во Владата на Република Македонија и  министер за здравство Никола Тодоров говореше на оваа тема.

-Тоа беше според мене најголемата манипулација во целата оваа работа и целата оваа криза со која  што се држеше  во заложништво целата држава. Да се потсетиме дека два пати изборите беа одложени токму поради оваа манипулација, со која што  СДСМ тврдеше дека избирачкиот список е непрочистен и дека поради непрочистениот избирачки список ВМРО-ДПМНЕ неправилно, недемократски ги добивала изборите и поради тоа тие не сакале да учествуваат на избори и имајќи предвид дека за цело време тврдеа дека поради непрочистениот избирачки список не можеме да тврдиме дека ќе има кредибилни, фер и демократски избори. И на крај им ги прифативме сите барања на СДСМ, колку и тие да се нелогични. Овие барања  кои што СДСМ  ги имаше ако треба да ги коментирам се крајно нелогични ниту непотребни, но немаше друг начин да излезе на виделина да излезе на виделина што СДСМ ја правеше освен ако не им се прифатат барањата и да видат сите граѓани дека немало ништо од тоа што СДСМ го говори. Ниту имало фантомски гласачи, ниту имало непрочистен избирачки список, рече тој.

Тодоров напомена дека целата оваа манипулација и приказна за избирачкиот список беше проследена со низа скандали. Тука како пример ја напомена приказната со фантомите.

-Кога се објави листата на фантоми излезе дека многу познати личности се дел на таа листа на фантоми. Меѓу другите: пратеници, роднини на повисоки функционери на СДСМ, роднини на функционери на власта на опозицијата и испадна дека фантомите на СДСМ се реални луѓе кои што живеат и работат во Република Македонија, рече тој и напомена дека тука се јавил првиот сомнеж кај граѓаните дека целата оваа приказна што ја пласира СДСМ  е можеби лага, за на крај сега најголем дел од граѓаните да бидат убедени дека целата оваа приказна која што СДСМ ја изгради околу избирачкиот список требаше да биде алиби на СДСМ за две работи: прво, алиби за поразот на изборите во 2014-тата, и второ алиби за одложување на изборите кои што беа закажани два пати претходно и за одржување на состојбата на криза во Македонија, подвлече Тодоров.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top