| четврток, 6 декември 2018 |

Изгоре стан на струмичка докторка (видео)

пожар струмицаСиноќа околу 19 часот избувнал пожар во стан на позната докторка од Струмица, во зградата до спортската сала Партизан во центарот на градот, пренесува струмицанет. Според порталот, пожарот започнал од балконот на станот кој се наоѓа на шестиот кат и ја зафатил кровната конструкција и дел од станот.

Брзата интервенција на противпожарната единица спречила пожарот да се прошири во останатите станови од зградата.

Причината за настанувањето на пожарот надлежните служби дополнително ќе ги утврдуваат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top