| четврток, 6 декември 2018 |

Нов скандал со американската полиција – пукале во афроамериканец кој само помагал на аутист (ВИДЕО)

Полицаец на Флорида пукал во црнец, старател на аутистично лице, додека лежел со кренати раце во воздух.
Заменик шефот на полицијата во Мајами, Нил Куевас, за Miami Herald рекол дека полицаецот реагирал на повикот во понеделникот по пријавата дека еден човек се заканува дека ќе се убие. Кога пристигнал, полицаецот го видел 47-годишниот Чарлс Кинси, терапевт кој работи со луѓе со пречки во развој, кој се обидувал да го врати 27-годишниот пациент во домот од кој излегол.

Куевас рекол дека полицаецот им наредил на Кинси и на пациентот, кој седел на улицата играјќи со мал камион, да легнат на земја.

Кинси легнал и ги кренал рацете во воздух, обидувајќи се да го натера пациентот да ја слуша наредбата. Полицаецот тогаш пукал три пати, погодувајќи го Кинси во ногата, рекол Куевас, додавајќи дека не било пронајдено никакво оружје кај нив.

Адвокатот на Кинси предал снимка од мобилен телефон која била направена пред пукањето. На неа се гледа како Кинси лежи на грб со кренати раце.

“Мислев дека додека ми се рацете во воздух нема да пука во мене. Тоа го мислев, но погрешив”, рекол тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top