| четврток, 6 декември 2018 |

Краде исклучиво во бикини, сите се надеваат дека ќе дојде и кај нив (Видео)

Калифорниската полиција апелирала за помош до граѓаните за да ја пронајдат жената во бикини која е обвинета за најмалку две кражби.

Снимките од надзорните камери покажуваат жена во бикини, која наводно, извела кражби во две куќи.

Канцеларијата на шерифот на округот Лос Анџелес објавила фотографии од осомничената снимени од надзорните камери.

Capture1

Според информациите на шерифот од Санта Кларита, жената на почетокот на јуни од две куќи во центарот на Лос Анџелес украла разни драгоцености.

Властите не кажале за какви драгоцености станува збор, а жената од надзорните камери ја бараат “за испрашување”.

Таа е опишана како белка, во доцните 30-ти години, висока 165 сантиметри и тешка околу 55 килограми. Полицијата има сведок кој ја видел како вози автомобил со „бронзена боја”.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top