| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски и Мисајловски извршија увид во изградбата на експресниот пат Градско-Прилеп

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска изврши увид во градежните активности за изградба на експресниот пат Градско – Прилеп во должина од 33,5 километри со проценета вредност од 70 милиони евра.

Инвестицијата за тој дел од трасата е 31,8 милиони евра, а градежните активности ги реализира шпанската компанија „Рубау“. Досега се исчистени 70 отсто од овој дел од трасата на која се планира да се изградат 15 мостови и вијадукти, а по завршувањето на неа да се вози со просечна брзина од 80 километри на час.

На трасата ќе има два тунела, еден од 40 и еден од 140 метри. Ова, како што истакна министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, е најтешкиот дел од патот.

Во втората фаза во текот на 2017 година се планира да почнат градежните работи на делницата Градско – Росоман – клучка Кавадарци во должина од 16 километри, со проценета вредност на градба од 31,4 милиони евра.

gradsko-prilep izgradba

Изградбата на овој дел од делницата треба да трае 24 месеци, а во третата фаза ќе се врши проширување на делницата од Тројаци до Плетвар и влезот кај Прилеп во должина од 7,5 километри за што е изготвена проектна документација, а проценетата вредност за градба е 5,7 милиони евра.

Се очекува на почетокот на следната година за оваа делница да се распише повик за изведување на градежни работи.

gradsko-prilep izgradba2

Како што рече Мисајловски, се очекува експресниот пат од Градско до Прилеп, што се гради со средства од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), целосно да биде готов за три до четири години. Стариот пат од Градско до Прилеп се планира да остане како регионален пат.

13717295_1556620377978326_9149739315140588347_o

Парарелно со Прилеп-Градско, укажа Груевски, се градат и експресните патишта Штип – Кочани  и Велес – Кадрифаково, а во тек се градежни активности и за изградба на автопатиштата Кичево – Охрид, Скопје – Штип и Демир Капија – Смоквица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top