Македонскиот шампион Вардар е елиминиран во второто коло од квалификациите за Лигата на шамионите за следната натпреварувачка сезона.
По скопскиот пораз пред една недела на „Филип Втори“ арената, избраниците на Гоце Седловски повторно доживеаја пораз на „Максимир“ од 3-2.
ардарци имаа водство од 0-1 по првиот дел со „бомбата“ на Дарко Велкоски, потоа водеше и со 1-2, но избраниците на Гоце Седлоски им подарија два пенали на „модрите“, што ги реализираше Марко Пјаца, а на крајот Мачадо стави точка на мечот, за втор триумф на Динамо.
Вардар одигра далеку подобар натпревар од оној во Скопје, „црвено-црните“ беа желни за докажување и лавовски се бореа до крајот од мечот, но сепак победата и пласманот во следната рунда ја обезбеди тимот со поголемо искуство во Лигата на шампионите.
До евроголот на еден од најголемите македонски таленти, Дарко Велкоски во 39 минута, двете екипи имаа по неколку полушанси кои не ги искористија. Во овој период се тресеа и конструкциите на головите, но мрежите мируваа на двете страни.
Еден од најголемите македонски таленти, во 39.минута, распали од преку 25 метри, и, што би рекле хрватските медиуми, од Зоолошката градина, му даде прекрасен гол на Јежина, за водство од 0-1.
Во второто полувреме попушти концентрација на вардарци и наместо да го дотолчат противникот и да направат вистинска сензација, тие му подарија на противникот дури два оправдано досудени пенали преку кои најдобриот играч на „модрите“ Марко Пјаца успеа да ја смири напнатоста во редовите на својот тим и со мирна завршница да го одведе Динамо во следната рунда.
По првиот пенал домаќините го измранија резултатот, но Вардар повторно се закани и постигна гол во 62. минута кога и ја анулираше предноста на Динамо од првиот меч во Скопје. Сепак по вториот гол на Пјаца од пенал и особено оној на Паоло Мачадо во 79. минута беше јасно дека Вардар ќе доживее елиминација.
Динамо Загреб оди во следната рунда, на мегдан со Динамо Тбилиси.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)