| четврток, 6 декември 2018 |

Исповед на човекот кој со голи раце сакаше да го запре камионот на злото во Ница (Видео)

Трагедијата во Ница можела да биде уште поголема доколку не бил Александре Миг.

Тој возел мотор кога терористот Мохамед Булел со камион почнал да гази луѓе на шеталиштето во Ница.

aleksandre-mig-nica-motor-01

Французинот Миг за Нис Матен раскажал дека се обидел да го сопре возачот на камионот.

Миг го забрзал моторот и се приближил до камионот.

-Видов како камионот гази една жена. Беше на тротоарот, а потоа се врати на патот и се обиде да ме прегази и мене”, рекол Миг.

Тој потоа скокнал на камионот и се обидел да ја отвори вратата на возачот.

-Тоа беше инстинктивно. Не можам ни да објаснам како успеав да го бркам камионот. Кога видов дека е одлучен, се обидов нешто да направам”, рекол тој.

И покрај неговата храброст, Миг, кој се држел на вратата, морал да се откаже кога терористот вперил пиштол во него.

Во нападот настрадаа 84 лица, а одговорноста ја презеде Исламската држава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top