| четврток, 6 декември 2018 |

Што се случува со нашиот организам во една година (видео)

Во нашиот организам постојано се случуваат процеси, а голем дел од нив не ги ни забележуваме.

Косата ни расте за 15,2 сантиметри, ноктите за 3,8 сантиметри, а кожата постојано се регенерира и за една година ни отпаѓа слој од мртвите клетки тежок дури 3,9 килограми.

Физиолошките процеси се неизбежен дел од функционирањето на телото. Годишно исплакуваме просечно 83 литри солзи, излачуваме 363 литри пот и 227 литри плунка. Физиолошките потреби изразени преку бројки изгледаат вака, годишно се ослободуваме од 503 литри урина и 163 килограми измет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top