Со 21 година стаж во Вардар, од што четири како играч и уште 17 како тренер во различни категории, Стојан Петрушевски е вистински ветеран на „црвено-црните”. Зад себе има искуство во водење на кадетски и младински екипи, а бил и дел од некои од историските моменти на Вардар. Во новата сезона ќе биде тренер на екипата на Вардар јуниор.
Со Вардар како помошен тренер играше и во полуфиналето на КПК. Беше селектор на младинската и на сениорската репрезентација на Македонија. Го водеше Вардар и во Лигата на шампионите и го забележа и сензационалниот триумфот против Кил во сезоната 2002/2003.
Лани под водство на Петрушевски екипата на Вардар 2 беше изненадувањето на првенството. Иако со најмлад состав во лигата уште во првата сезона младите вардарци стигнаа до второто место што им донесе шанса да играат бараж за влез во Супер лигата. Иако не успеаја, најголем дел од истите играчи сепак ќе добијат суперлигашко искуство зашто се прекомандувани во втора екипа, Вардар јуниор која настапува во Супер лигата. Таму нивни тренер ќе биде Стојан Петрушевски.
Во новата сезона има и нов предизвик. Сега ќе бидете тренер на Вардар јуниор и ќе се борите со многу поквалитетни екипи во Супер лигата. Кои се очекувања од екипата која сега ќе биде доста подмладена?
– Основната цел е да создаваме млади играчи кои потоа ќе конкурираат рамноправно за влез во првиот тим на Вардар. Потоа цел ни е и со овие млади играчи да се бориме за место во плеј-офот, иако тоа ќе биде доста тешко пред се поради силната конкуренција. Имаме млада екипа желна за докажување. Нашата предност е што токму тие млади ќе сакаат да се докажат и покажат дека имаат квалитет и можат да играат рамноправно се секој, колку и да е тој фаворит. Имаме и доста јуниорски репрезентативци во тимот кои тука ќе бараат шанса за докажување – вели Стојан Петрушевски, тренерот на Вардар јуниор.
Целото интервју со Петрушевски може да го прочитате на следниот ЛИНК.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Виолета Џолева, режисерка: Со првиот мјузикл за деца сакам да им се заблагодарам на маестро Џамбазов и на Оливера Николова
-
Бислимовски: РКЕ нуди четири цени на нафтените деровати, но трговците секогаш ја избираат највисоката
-
Тарик Филиповиќ: Жив актер на сцената сѐ уште е мамка за луѓето да доаѓаат во театар
-
Аница Добра, актерка: Навистина ја имам најдобрата професија на светот!