| четврток, 6 декември 2018 |

Украина: Убиен белоруски новинар, голем критичар на Путин (фото+видео)

Павел Шеремет (44), истакнат белоруски новинар кој работел во Украина утрово загина во експлозија во автомобил во Киев, пренесува „УСА тудеј“.

Истрагата е во тек. Советник на украинскиот министер за внатрешни работи напиша на „Фејсбук“ дека експлозијата е предизвикана од експлозивна направа со далечинско управување, поставена под автомобилот.

ubistvo ukraina

Шеремет е роден во Белорусија, а пред пет години се преселил во Украина, каде што видел радио0емисија. Претходно работел во Русија како телевизиски водител.

Шеремет бил уапсен од белоруската влада во 1997 година за нелегално преминување на границата меѓу Белорусија и Литванија, додека бил на новинарска задача.

Украинскиот претседател Петро Порошенко изрази сочувство за нападот и изјави дека е шокиран. Тој истакна дека лично го познавал починатиот новинар.

ubistvo1

Шеремет беше познат и угледен борец за човековите права и жесток критичар на рускиот претседател Владимир Путин. По потекло од Белорусија, тој стана познат во земјата во 1990-тите поради известувањето за политичките злоставувања и стана трн во окото на тогашниот претседател Александер Лукашенко. Во 1997 владата го стави во затвор, што предизвика дипломатски инцидент меѓу Белорусија и Русија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top