Ники Ромеро е моментално најбараното име од долгата листа на диџеи од Холандија и прогласен е за еден од најдобрите артисти на престижната топ листа на DJ Mag. Нема фестивал на кој Ромеро не настапува ова лето, а и оваа година е резидент диџеј на најславните клубови на Ибица. Македонската публика и онаа од целиот регион ќе има шанса за прв пат да ужива во неговите хитови на првото издание на „Охрид колинг“ што ќе се одржи на први август, на стадионот „Билјанини извори“.
Во развојот на својата кариера многу му помогна тоа што стана миленик на најголемиот хитмејкер на 21 век, Дејвид Гета со кого и често соработува, а на листата на соработници тука се додаваат и најпопуларните пејачки како Ријана, Бритни Спирс и Сија.
Покрај овие имиња, Ромеро е соработник и со најпопуларните диџеи во последниве години, како: Тиесто, Дејвид Гета, Калвин Харис…
Организатор на првото издание на „Охрид колинг“ е Авалон продукција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.