-Kако да пропаднале во земја. Целиот случај е мистерија. Нема ни трага ни глас од Љубомир и Сашо, а веќе шест дена трагаме по нив. Не најдовме ниту еден знак дека поминале по делот од планината Бистра, а теренот го разгледувавме неколкупати- велат за Дневник полицајците и жителите на Лазарополе.
Двајцата исчезнаа во минатиот четврток откако дента од својата викендичка во Лазарополе тргнале да берат печурки на планината Бистра, а вечерта се јавиле очајно барајќи помош со зборовите „помагајте, се изгубивме“.
Во меѓувреме додека населението и полицијата се организирале да ги бараат, батеријата од телефонот што го носеле се испразнила и не било можно повторно да воспостават контакт со нив. Оттогаш не се знае каква е судбината на таткото и синот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.