Во оперативна акција под називот „Којот” која се одвивала во текот на вчерашниот ден па се до утринските часови од Одделот за сузбивање сериозни криминал при МВР, приведени се повеќе лица и извршени се претреси на неколку локации во Велес, Неготино, Скопје и Гевгелија.
Како што потврдија за МИА од МВР, акцијата е извршена поради основи за сомневање за сторени повеќе кривични дела злосторничко здружување, разбојништва, лажно претставување, неовластено производство и пуштање во промет дроги, психотропни супстаници, криумчарење мигранти и злоупотреба на службена положба.
Според првичните информации, осомничени се и полициски службеници од СВР Велес.
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, како што објави на веб страницата, раководи со предистражната постапка во која со правосудната полиција – МВР РМ Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал од утринава ја спроведува акцијата „Којот”.
– Со акцијата се гони поголема организирана криминална група поради основи на сомневање дека подготвува и извршува повеќе кривични дела, и тоа Организирање на група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе трговија со малолетно лице и криумчарење на мигранти од чл.418-в, Криумчарење мигранти од чл.418-б, Разбојништво од чл.237 ст.4 в.в. со ст.1, Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од чл.215 ст.3 в.в. со ст.1 и Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од чл.396 ст.3 в.в. со ст.1 и 2 од Кривичниот законик, стои во соопштението од ОЈО објавено на веб страницата.
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, се наведува, продолжува со преземањето дејствија, за кои јавноста ќе биде дополнително известена.
Повеќе детали за акцијата од МВР најавуваат во текот на денот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МВР потврди: Лице од битолско виновен за оштетените камења на македонско-грчката граница
-
МВР: Добивме потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Унгарија и дека побарал азил
-
Кривична пријава за загрозување на сигурноста и ширење ксенофобичен материјал на социјални мрежи
-
МВР не знае колку малолетници се исчезнати во државата: Каква статистика води полицијата за исчезнатите лица?