Во полициска акција која се одвивала во текот на вчерашниот ден па се до утринските часови од Одделот за сузбивање сериозни криминал при МВР, извршени се претреси на повеќе локации во Велес, Неготино, Скопје и Гевгелија.
Како што потврдија за МИА од МВР, акцијата е извршена поради основи за сомневање за сторени повеќе кривични дела злосторничко здружување, разбојништва, лажно претставување, неовластено производство и пуштање во промет дроги, психотропни супстаници, криумчарење мигранти и злоупотреба на службена положба.
Според првичните информации, осомничени се и полициски службеници од СВР Скопје.
Во акцијата има приведени лица. Повеќе детали за акцијата од МВР најавуваат во текот на денот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МВР потврди: Лице од битолско виновен за оштетените камења на македонско-грчката граница
-
МВР: Добивме потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Унгарија и дека побарал азил
-
Кривична пријава за загрозување на сигурноста и ширење ксенофобичен материјал на социјални мрежи
-
МВР не знае колку малолетници се исчезнати во државата: Каква статистика води полицијата за исчезнатите лица?