| четврток, 6 декември 2018 |

Турските пилоти намерно го урнале рускиот авион за да му наштетат на Ердоган?

ruski-avion-turska-sirija

Турски владини извори за тамошните медиуми во понеделникот потврдија дека се уапсени двата турски пилоти кои минатата година го урнаа рускиот авион СУ-24 со што предизвикаа тешка криза во односите меѓу Анкара и Москва. Сега, пак се се тврди дека и тие дваца се поврзани со пучистите.  Од тоа, според изворот, може да се извлече заклучок дека турската влада верува дека тие намерно го урнале рускиот авион за да го доведат Ердоган во тешка позиција со што би се создале околности за успех на пучот.

Реџеп Таип Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин се смирија, па со тоа се отворија нови прашања. Дали Путин го прифатил извинувањето бидејќи Ердоган го известил за тоа што му се подготвува што дознал дека такво нешто се планира, или пак рускиот претседател помогнал во откривањето на пучистите.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top