Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган смета дека за влакно избегнал смрт, кога заговорниците, во обидот за државен удар, упаднале во турското летувалиште во Мармарис, каде бил на одмор.
– Ако останев уште 10, 15 минути, ќе ме убиеја или киднапираа – рекол Ердоган во интервјуто за американската телевизиска мрежа „Си-ен-ен“.
Ердоган за „Си-ен-ен“ исто така, рекол дека турскиот народ сака смртна казна за оние кои учествувале во неуспешниот државен удар, во кој биле убиени повеќе од 200 луѓе.
Турскиот претседател истакнал дека на парламентот е да одлучи дали повторно ќе се воведе смртната казна, и дека тој, доколку тоа се случи, таквата мерка ќе ја преточи во закон.
Турција во 2004 година ја укинала смртната казна во рамките на напорите кон членството во ЕУ, но повиците за повторно воведува на смртната казна се погласни по неуспешниот воен пуч во петокот, во кој биле убиени повеќе од 200 луѓе.
– За тоа е потребна одлука на парламентот…Како претседател, ќе ја одобрам секоја одлука на парламентот – рекол Ердоган во интервјуто за „Си-ен-ен“.
Ердоган нагласил дека „народот на улиците изнел такво барање”.
– Народот смета дека терористите треба да бидат убиени. Зошто да ги чуваме и храниме во затвор, тоа го вели народот – порачал Ердоган.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Виолета Џолева, режисерка: Со првиот мјузикл за деца сакам да им се заблагодарам на маестро Џамбазов и на Оливера Николова
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)