| четврток, 6 декември 2018 |

Случајот со убиството во Сарај наскоро на суд

СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.Ш. (19) од с. Грчец поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело убиство.

На 9 јули во село Сарај во угостителски објект, поради меѓусебно нетрпение, настанала расправија помеѓу пријавениот и Н.Р. (20) од с. Копаница, по што пријавениот со остар предмет му нанел убодна рана во пределот на вратот на Н.Р., кој од нанесените повреди по некоклу дена починал.

Судија на претходна постапка на пријавениот му изрече мерка притвор во траење од 30 денови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top