Новиот менаџер на англискиот фудбалски клуб Челси, Антонио Конте не е задоволен од однесувањето и перформансите на Диего Коста , па поради тоа дал налог на управата на клубот да се ослободи од него, а веќе се јавил првиот заинтересиран клуб.
Станува збор за Атлетико Мадрид од каде Диего Коста дојде во Челси пред две години. Информациите ги потврди и претседателот на шпанскиот клуб Енрике Серезо.
– Го обожавам Диего Коста, признавам. Разговаравме со него и правиме се за да го вратиме во Мадрид за во претстојната сезона да игра во Атлетико. Блиску сме до договор – изјави Серезо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“