| четврток, 6 декември 2018 |

Организации за заштита на човековите права против мерките во Турција по неуспешниот обид за преврат

amnestiМеѓународните организации за заштита на човековите права ги осудија мерките што ги презедоа турските власти по неуспешниот обид за преврат во Турција, кој доведе до масовни отпуштања од работа и апсења. „Амнести интернешанл“ предупреди дека човековите права во Турција се изложени на „сериозна опасност“.

– Бројот на уапсени и отпуштени, од петокот наваму, е неприфатлив- изјави Џон Далхаузен, дирекотор на оделот на Амнести интернешанл за Европа и Централна Азија.

Тој додаде дека заканите за враќањето на смртната казна „не претставуаат правда“.

Илјадници службеници во министерствата за првда и за внатрешни работи, како и припадници на војската и полицијата беа отпуштени од работа или приведеи по пропаднатиот обид за пуч во петокот.

Амнести интернешанл посочи дека ги разгледува тврдењата дека приведените во Анкара и Истанбул биле подложени на серија злоупотреби, вклучително и измачување, како и забрана за контакт со адвокати.

Во меѓувреме директорката на Хјуман рајтс воч за Европа и Централна Азија, Хју Вилијамсон изјави дека брзината и бројот на апсења, вклучително и на водечки судии, наведува на помисла дека се врши чистка, а не процес базиран на некакви докази.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top