Меѓународните организации за заштита на човековите права ги осудија мерките што ги презедоа турските власти по неуспешниот обид за преврат во Турција, кој доведе до масовни отпуштања од работа и апсења. „Амнести интернешанл“ предупреди дека човековите права во Турција се изложени на „сериозна опасност“.
– Бројот на уапсени и отпуштени, од петокот наваму, е неприфатлив- изјави Џон Далхаузен, дирекотор на оделот на Амнести интернешанл за Европа и Централна Азија.
Тој додаде дека заканите за враќањето на смртната казна „не претставуаат правда“.
Илјадници службеници во министерствата за првда и за внатрешни работи, како и припадници на војската и полицијата беа отпуштени од работа или приведеи по пропаднатиот обид за пуч во петокот.
Амнести интернешанл посочи дека ги разгледува тврдењата дека приведените во Анкара и Истанбул биле подложени на серија злоупотреби, вклучително и измачување, како и забрана за контакт со адвокати.
Во меѓувреме директорката на Хјуман рајтс воч за Европа и Централна Азија, Хју Вилијамсон изјави дека брзината и бројот на апсења, вклучително и на водечки судии, наведува на помисла дека се врши чистка, а не процес базиран на некакви докази.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.