| четврток, 6 декември 2018 |

Што се случува со крвникот од Житиште

 

sinisa ubiecot

Синиша Златиќ од Житиште, кој на 3 јули во кафулето „Макијато“ со истрели од калашников уби пет, а рани 22 лица, вчера е префрлен од ритвот во Зрењанин во Специјалната затворска болница во Белград на психијатриско вештачење.

 

По наредба на судија на претходна постапка Златиќ бил префрлен во болницата каде што треба да биде утврдено дали во моментот на масакрот бил пресметлив и бил свесен за своите псотапки.

-Откако е во притвор Златиќ е мирен, сталожен и се придржува до куќниот ред. Зема храна, оди на прошетка и се однесува најнормално, велат од Управата за извршување кривични санкции.

Во едно од најголемите масовни убиства во Србија Златиќ ја уби својата сопруга Дијана Златиќ (30), нејзниното момче Стеван Јовиќ (40), неговиот другар Владимир Мијатовиќ (40), и гостите во локалот Јована Поповиќ (21) и Владимир Косовиќ (34).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top