| четврток, 6 декември 2018 |

Во возот на смртта како во кланица: Касапеше со секира, ползевме по крвавиот под

voz germanija

Синоќа 17-годишен Авганистанец со секира и нож повреди повеќе од 20 луѓе во воз во Вицбург.

Патниците сведоќат за крвавиот пир на напаѓачот кој додека мавтал со секирата во вагонот на смртта, извикувал „Алах акбар“.

-Ползевме по подот, ги баравме кутиите за прва помош. Потешкоповредените само лежеа беспоможно, вели сведок.

-Откако нападна повеќе патници, избега од возот, но во тој момент налета на неколку специјалци кои го застрелаа откако и нив ги нападна со нож, изјави утрово баварскиот министер за внатрешни работи Јоаким Херман за јавниот сервис АРД.

Авганистанецот дошол во Германија пред две години како малолетник без придружба и во март годинава поднел барање а азил. Живеел во домот за тинејџери-бегалци до пред две недели кога бил сместен во згрижувачко семејство.

Херман изјави дека при претресот на неговата соба истражителите нашле рачно насликано знаме на Исламската држава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top