| четврток, 6 декември 2018 |

Преговорите завршија без договор, на маса нова интересна идеја

Американскиот амбасадор во Скопје Џес Бејли по завршувањето на средбата изјави дека денеска не е постигнат договор меѓу партиите, но изрази надеж дека тоа може да се случи наскоро. Најави дека разговорите ќе продолжат денеска.

Не можам да потврдам дека имаме договор. Тоа што можам да го кажам е дека на маса има нова интересна идеја. Како што кажав и во петокот овој договор е многу важен за земјата, важен е за Европската унија и за САД. Партиите ќе ја разгледаат можноста и ќе продолжиме утре – рече доцна синоќа Бејли.

Претставниците на политичките партии кои учествуваат на преговорите, Никола Тодоров од ВМРО-ДПМНЕ, Радмила Шеќеринска од СДСМ, Артан Груби од ДУИ и Имер Алиу од ДПА, не дадоа изјава за медиумите.

Поради отсуството од земјата на амбасадорот на ЕУ Аиво Орав, кој е на консултации во Брисел, средбата на преставниците на политичките партии вчера се одржуваше во резиденцијата на американскиот амбасадор во Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top