Постои многу едноставен трик како да откеиете дали облеката е навистина од материјалот кој е наведен на декларацијата. Можете да проверите памук, свила, лен, волна, синтетички материјали.
Тестот со горење е еднсотацен начин да се одентификуваат влакната од разни материјали – и природни и вештачки. На овој начин можете да проверите дали облеката е навистина изработена од материјалоткој е наведен ан декларацијата или трговецот ве измамил.
Доволно е од внатрешната страна на облеката да отсечете едно конче и да го ставите на оган, По тоа како гори, како мириса и што останива на крајот од него, ќе откриете за кој материјал се работи.
Памук
- гори, не се топи
- мириса на запалено дрво или хартија
- откако еќе изгори останува фина сивкава пепел
Лен
- гори, не се топи
- мириса на запалено дрво или хартија
- откако еќе изгори останува фина сивкава пепел
Волна
- гори, не се топи
- има силен мирис на запалена коса или пердуви
- престанува да гори кога ќе се тргне од оган
- на крајот останува црно топче кое може да се срони со прсти
Свила
- гори, не се топи
- мириса на запалена коса или пердуви, но не толку интензивно како волната
- престанува да гори кога ќе се тргне од оган
- на крајот останува црно топче кое може да се срони со прсти
Рајон
- ори, не се топи
- мириса на запалено дрво или хартија
- откако еќе изгори останува фина сивкава пепел
Полиестер
- се собира на пламен, се топи, гори и може да капе
- има мирис на хемикалии, сладникав
- на крајот останува црно топче кое може да се срони со прсти
Најлон
- се собира на пламен, се топи, гори и може да капе
- има мирис кој потсетува на целер
- на крајот останува кремаво црно топче кое не може да се срони со прсти
Акрил
- се собира на пламен, се топи, гори
- цврчори додека е на оган
- има остар мирис
- на крајот останува црно топче кое делумно може да се срони со прсти
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.