| четврток, 6 декември 2018 |

Мурињо ограбен додека гледал фудбал

муринјо

Португалскиот стручњак Жозе Мурињо, по неколкумесечната пауза од фудбалските терени доби можност да биде менаџер на англискиот премиелигаш Манчестер Јунајтед.

Тој веднаш по претставувањето во новиот клуб најде луксузна вила во една од елитните населби во Манчестер, каде ќе живее со своето семејство. Но, доаѓањето во Манчестер не помина како што планираше Португалецот.

Тој пред седум дена во својата куќа го гледаше финалето на Европското првенство во фудбал, меѓу Португалија и Франција и не ни се посомнева дека неговата куќа е мета на крадци. Неговата куќна помошничка увидела дека има непознато момче во куќата и брзо повикала полиција, а приведувањето на крадецот Гај Роман Мурињо го проследил од прозорецот.

Роман за овој напад беше осуден на еден месец затвор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top