Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, денеска до Основниот суд Скопје 1 Скопје поднесе обвинителен акт со предлог за продолжување на мерката притвор за новинарот Зоран Божиновски. Овој обвинителен акт доаѓа поради основано сомнение дека обвинетиот сторил кривични дела злосторничко здружување, шпионажа и уцена, извести ОЈО.
Инаку, за овие кривични дела Божиновски беше гонет во текот на 2013 година. Поради неговата недостапност на органите на прогонот истрагата беше прекината и продолжи по екстрадиција на обвинетиот, стои во соопштението на ОЈО.
Сопственикот на интернет порталот „Буре весник“ е еден од 22-та обвинети во случајот „Шпион“. Божиновски се водел под името “Луди Милојко”. Кумановскиот новинар преку закани и уцени изнудувал пари од бизнисмени и видни личности.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Притвор за седуммина кои криумчареле артефакти
-
Алфа: ОЈО се премисли, нема вина кај Симоновски, советникот во МВР осомничен дека предупредувал за ПИ мерки
-
ОЈО Скопје: Телата на убиените предадени на обдукција, од „Рузвелтова“ подигнати 25 чаури и траги од крв
-
Обвинителство ќе проверува дали е запоставувано детето во станот со пелени