Елена Велевска, која откако се омажи живее во Охрид заедно со семејството, вели дека градот под Самоиловите кули не би го менувала за ништо на светот и смета дека за да имаш успешна кариера не мора да живееш во Скопје, туку напротив, можеш да функционираш од каде било.
– Често знаат да ме прашаат зошто не се преселам во Скопје, поедноставно е за функционирање, но јас барем засега не би го менувала местото на живеење, за мене Охрид е Монте Карло. Се ми е на дофат, мирно е, идеално за семеен живот. Јас сум одличен пример дека не треба да си во Скопје за да имаш успешна кариера – смета фолкерката која наскоро ќе ја изненади публиката со нов сингл.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Елена Велевска изреволтирана реагира на „Инстаграм“: Доста е со глупости!
-
Кој е Марјан Мирчески, сопругот на Елена Велевска?
-
Исказите на Елена се лага, но се уште живееме под ист кров: Сопругот на Елена Велевска ја откри својата страна на приказната
-
Поради неа се вратил од Австралија: Кој е сопругот на Елена Велеска кого таа го обвини за семејно насилство?