Три вооружени лица пукале во понеделникот пред судот во Анкара, а како што јавуваат медиумите, полицијата убила еден од напаѓачите.
– Полициските сирени ечат во Анкара – вели новинарката на „Ал Џезеира“.
Претходно, агенцијата „Ројтерс“ повикувајќи се на претставниците на власта, објави дека еден турски војник отвори оган пред судот во Анкара, и веднаш потоа бил уапсен.
Ситуацијата во Турција е напната по неуспешниот државен удар во кој загинаа повеќе од 290 лица.
Турските власти велат дека ситуацијата е под контрола, но дека мал број војници кои го поддржаа државиот удар, се уште се на слобода.
Malatya'da 2. Ordu Komutanlığı'na giderken çevreye rastgele ateş açan zırhlı aracın görüntüsü ortaya çıktı. pic.twitter.com/4xltiJg3hC
— ANADOLU AJANSI (@anadoluajansi) July 18, 2016
Ankara'da, FETÖ'nün darbe girişimine katılan subaylardan olduğu iddia edilen bir kişi vurularak gözaltına alındı. pic.twitter.com/EoBQqeHhRP
— ANADOLU AJANSI (@anadoluajansi) July 18, 2016
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.