| четврток, 6 декември 2018 |

Откриени организаторите на нападот во Ница: Француската полиција уапси брачна двојка од Албанија

Француската полиција денеска уапси брачна двојка од Албанија под сомнение дека се вмешани во масакрот кој се случи во Ница во четвртокот на вечер, кога Мухамед Булел уби 84 луѓе, а повреди 200 лица возејќи камион тежок 19 тони по Англиската променада во Ница.

Ањес Тибо Лекивр, портпаролката на обвинителот за тероризам не објави детали за апсењето, ниту на кој начин уапсените Албанци се поврзани со нападот.

Француските власти објавија дека 6 лица се уапсени поради сомнение дека се поврзани со нападот. Поранешната жена на Булел е уапсена во петокот во нивниот стан, а пуштена е денеска откако било утврдено дека не била во контакт со напаѓачот откако ја почнале процедурата за развод.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top