| четврток, 6 декември 2018 |

Ердоган го уапси и својот воен советник

Главниот воен советник на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, Али Јазаџ денеска е уапсен поради поврзаност со обидот за воен удар, јави Си-Ен-Ен Турк. Медиумите објавија дека меѓу приведените е и главниот воен советник на 11. турски претседател Абдулах Ѓул, Исмаил Ѓунешер.

Претходно, турската армија соопшти дека учесниците во обидот за пуч се неутрализирани.

– Турскиот народ имаше најголема улога во спречување на воениот удар, се посочува во соопштението на турските вооружени сили.

Армијата најави тешки казни за учесниците во пучот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top