Колумбискиот интернационалец Хуан Квадрадо претстојната сезона и дефинитивно се враќа во редовите на Челси. Тој беше позајмен во италијанскиот првак Јувентус, но Антонио Конте го сака на „Стемфорд бриџ“, верувајќи го неговите квалитети.
– Хуан Квадрадо е играч на Челси. Ќе се врати на „Стемфорд бриџ“ многу брџо. Среќен сум што ќе биде дел од мојот тим и ќе имам можност да го тренирам. Го сакав да дојде во Јувентус уште во периодот кога јас го водев тој клуб. Сега би сакал да соработувам со него – изјави Антонио Конте.
Квадрадо пред да замине во Јувентус одигра само 15 натпревари за Челси и не беше во плановите на тогашниот менаџер на Челси, Жозе Мурињо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.