| четврток, 6 декември 2018 |

Ана Ивановиќ инсистирала на предбрачен договор

ana ivanovic

Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер двајцата имаат заработено по десетици милиони евра во своите спортски кариери, но пред свадбата потпишале предбрачен договор за да си го заштитат имотот што го имаат стекнато пред бракот.

Оваа информација ја потврдија германските медиуми, кои тврдат дека на ваков договор инсистирала тенисерката, која во случај на развод би можела да остане без десетина милиони евра. Имено, Швајнштајгер голем дел од својата заработувачка ја инвестирал во недвижнини, додека парите на Ивановиќ се вложени по банките ширум Европа и светот, па српската тенисерка решила однапред да се осигура да не загуби милионски суми во случај на развод.

– Сите детали се разработени и до најмалите ситници, предбрачниот договор имаше најмалку десет страни за да нема страв дека едниот ќе заработи од другиот доколку дојде до развод. Ана има доживотен договор со Адидас од кој ќе заработи над 100 милиони евра во следните дваесетина години, и тоа исто така е осигурано со договорот – изјави близок пријател на новата брачна двојка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top